На 8 септември во продажба ќе се најде новата козметичка линија со потпис на музичката ѕвезда Ријана. Откако дизајнираше облека во соработка со Puma и лансираше неколку линии на шминка за MAC Cosmetcs, Ријана сега најавува свои производи под името Fenty Beauty.
Деновиве на социјалните откри дел од концептот на колекцијата и козметиката на Ријана веќе доби позитивни оценки и многу обожаватели поради разновидноста. Таа ќе претстави сенки за очи, руменила, кармини, сјаеви за усна и хајлајтери кои одговараат на широка палета на тонови на кожа, а во самата кампања се појавуваат неколку девојки од различен ентитет како Палома Елсер, Даки Тот, Слик Вудс и Халима Аден.
Нема коментари