Модните магазини често покануваат познати личности како гости уредници на своите специјални изданија, француски Vogue послеликови како Кетрин Денев, Нелсон Мендела и Ванеса Паради, ја повика Ријана за својот декемвриски, Божиќен број. „Таа е една од најпознатите симболични уметници на почетокот на 21 век. Таа ja премина границата од 200 милиони продажба на нејзината музика хибрид од R & B, денс, рок и реге, прикажа извонредни модни изненадувања од глам-улична мода до преработување на модните класици, и е поттикната од неспоредливата желба за успех“, вели лавната уредничка на Vogue Paris,Емануел Алт, за изборот за двобројот декември 2017/јануари 2018. Воведот во новиот број на магазинот се трите различни насловни страници кои илустрираат три различни модни изданија и се сработени од фотографите Жан Пол Гуд, Јурген Телер и тандемот Инез&Винод.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари