Познатата американска пејачка и успешна бизнисменка Ријана позира на насловната страница на мајскиот број на Vogue, облечена во тесен во комбинезон од црвена тантела со потпис на Алаја, кој ѝ го отсликува телото и го нагласува нејзиниот труднички стомак. Во интервјуто за списанието таа зборува за бременоста, новиот албум и романсата со нејзниот партнер раперот A$AP Rocky. Ријана е во поодмината бременост и од првиот момент кога ја откри веста, внимание приблекува со нејзиниот труднички стил кој едноставно воопшто не е труднички – сѐ уште носи смела и често проѕирна облека и секогаш го истакнува голиот стомак.
„Кога дознав дека сум бремена, си помислив: Нема шанси да одам да купувам во оддел за трудници. Извинете, ама презабавно е да се дотерувам. Нема да дозволам тој дел од мене да исчезне само затоа што моето тело се менува“, вели Ријана и смета дека ќе го редефинира она што се смета за „пристојно“ за бремените жени. „Моето тело прави неверојатни работи во моментов и нема да се срамам од тоа. Ова време треба да биде славеничко. Зошто би ја криела својата бременост?“.
Во едиторијалот на Vogue потпишан од фотографката Ени Лејбовиц, Ријана носи одблека од Алаја, Сен Лоран, Марк Џејкобс, Рик Овенс, Диор и долна облека од нејзиниот бренд Savage X Fenty.
Нема коментари