Легендарната модна куќа на Пол Поаре затворена во далечната 1930 година го најави возобновувањето и на модна ревија на Париската модна недела ја прикажа колекцијата за есен-зима 2018/19 која ја креира Јикин Јин. Куќата на еден од првите модни креатори доживува преродба благодарение на корејскиот конгломерат Shinsegae. На првата ревија на Poiret меѓу креациите има неколку плетени модели кои се дело на македонскиот дизајнер Ристо Бимбилоски.
Се возобновува модната куќа на легендарниот Пол Поаре
Бимбилоски е дизајнер на плетива во Maison Margiela, модната куќа за која сега креира Џон Галијано, а и за авангардната белгиска дизајнерка Ан Демелместер. На Париската модна недела ги видовме неговите плетени дизајни за овие два бренда, а последните беа за соработката со Poiret. Познато е дека плетените креации се изработуваат кај нас во Охрид, па ова секако е #MadeInMacedonia момент на престижната модна недела во Париз.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари