
Во едиторијал на италијанското издание на Vogue се најде молив здолништето со принт со волци од линијата Howling Wolves на Ристо
Две креации од еден од најуспешните македонскиот дизајнери со интернационална кариера, Ристо Бимбилоски, се најдоа во едиторијали на престижните Vogue Италија и Marie Claire Холандија. Моделите се од колекцијата есен-зима 2014-15 наречена Howling Wolves, која Бимбилоски ја претстави во март оваа година. За италијанското издание на престижниот Vogue избрано е молив здолништето со принт со волци од линијата Howling Wolves. Во магазинот Marie Claire наменет за холандскиот пазар објаван најде металниот шорц со потпис на на нашиот дизајнер кој долги години работи на релација Париз-Охрид-Њујорк.

Холандски Marie Claire објави сесија со метален шорц со потпис на на нашиот дизајнер
Бимбилоски e еден од нашите науспешни креатори со светска кариера. Има стекнато големо искуство во модните куќи „Кензо“ и „Луј Витон“, има соработувано со светски познатиот креатор Марк Џејкобс, и има одржано ревии во Њујорк и во Берлин. Негови модели се имаат појавувано во бројни едиторијални во познати магазини, а имале објава и на познати блогови. Креации со негов потпис имаат носено бројни светски ѕведи, меѓу кои пејачката Кети Пери, музичарката Кортни Лав, актерките Меги Гиленхал, Џена Малон, Михаела Конлин, Ејми Фергусон, трендестерката Парис Хилтон и блогерките Тави Гевинсон, Сузи Бабл, како и нашата Каролина Гочева. (А.Н.)

Кети Пари, Каролна Гочева и Кортни Лав во креации од Ристо

Михаела Конлин, Парис Хилтон и Саманта Света на црвениот килим со модели од Бимбилоски

Ристо често е избор на познатите блогерки Сузи Бабл (средина) ,Тави Гевинсон, (десно) и објава на блогот на Гаранс Дори (лево)

Ејми Фергусон, Џена Мелон и Меги Гиленхал се препознаа во креациите на македонскиот дизајнер
Нема коментари