Традиционално и оваа година студентите по моден дизајн на Технолошко-металуршкиот факултет ќе одржат модна ревија, закажана за утре (14 јуни), со почеток во 20 часот во холот на факултетот. Студентите од студиската насока дизајн и инженеринг на облека, под водство на професор Лидија Георгиева, ќе претставам креации на тема „Ритам“.
-Ритамот е повторување чекор, отчукување на срцето, танц, спирални скали. Голем „бреинсторминг“ направивме за да ги поттикнеме асоцијациите и да ја кажеме нашата верзија за ритам. За првпат учествуваат сите три генерации според новата програма, а студентите од четврта година веќе покажуваат постепено изграден стил. Повторно шминката и фризурата ќе бидат направени во соработка со студентите од „Академија Леонтич“, а креациите ќе ги носат претежно манекени од агенцијата „Црнокрак“ – ни откри модната дизајнерка и професорка Лидија Георгиева.
Поканата за ревијата е со мотив на 3Д принт и е дело на студентка од трета година од ТМФ.
Еве прв поглед на дел од студентските креации:
Нема коментари