Актерката Руни Мара заедно со двете пријателки Крис Вонг и Сара Шлот на почетокот на годинава основа еколошки освествен моден бренд кој ги следи правилата на вегансккиот животен стил. Брендот е наречен Hiraeth, што на велшки означува носталгија за родното место, и деновиве беше претставена новата колекција за есен 2018 за која Руни инспирација пронашла во сопствената колекција на винтиџ фустани.
Мара признава дека отсекогаш ја обожавала дизајнерката Стела Макартни, вегетаријанка од бебе, која уште на почетокот на својата дизајнерска работа е посветена на екологијата. Актерката забележала дека нема многу брендови кои имаат еколошки пристап во модата, а таа преку Hiraeth оди неколку чекори подалеку – применува вегански и cruelty-free пристап. Во есенската колекција на Hiraeth тимот повторно користи материјали кои се еколошка алтернатива на волна, свила, крзно и кожа.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари