Модната дизајнерка Росица Мршиќ го отвори својот ‘pop-up showroom’ во Ист Гејт мол. Со селекција од нејзините најбарани и ‘best-selling’ модни парчиња од последните колекции, Мршиќ ја приближува својата работа до сите модни вљубеници и следбеници
Брендот Росица Мршиќ секоја сезона создава мали, високо квалитетни, лимитирани и безвременски парчиња облека со софистицирана естетика. Основан во 2009 година, Росица Мршиќ е меѓу првите македонски брендови кој работи по принципот на одржлива и бавна мода. Досега бил присутен на разни модни настани и во концептуални бутици локално и интернационално како: Њу Јорк, Софија, Виена, Цирих, Лозана, Минхен, Дубаи, Белград, Љубљана, како и изложен во познатата американска стоковна куќа “Macy’s” во Њу Јорк. Дизајнерката е наградувана со неколку модни награди до сега: ‘Wearable Art’ во модниот дизајн за модна колекција пролет/ лето 2019 на BIG SEE Festival, во Љубљана, Словенија, најдобра модна колекција во рамки на Моден Викенд Скопје 2013, и награди за најдобра колекција и ‘Dress of the 21st Century’ во Бугарија и Амстердам, Холандија.
Работното време на шоу румот е:
Од среда до петок 16-20 часот
Во сабота и недела 12-16 часот
Нема коментари