Етаблираната македонска дизајнерка Росица Мршиќ веќе некое време го освојува американскиот моден пазар, а денес нејзиниот тим на социјалните мрежи објави дека нејзините креации од есен ќе се продаваат на macys.com на познатиот ланец на стоковни куќи Macy’s, како една од светските независни дизајнери со кои ќе соработуваат. Во април Мршиќ воспостави соработка со американската онлајн платформа 19th Amendment, сега блгoдарение на таа соработка и на ангажманот на ПР-тимот на Bastet Noir, нејзините креации ќе се најдат во Macy’s.
Нема коментари