Американската фотографка, артистка и модел Ли Милер, која восхитува со храброст, слободен дух и креативност, е муза на дизајнерката Росица Мршиќ за создавање на новата pret- a-porter колекција за есен-зима 2017 година. Дизајнерката и со оваа линија го покажува своето разбирање на способноста на жената да испраќа моќна порака преку својот изглед и да изгледа совршено во секој дел од денот. Колекцијата MUSE нема артистичка леснотија, туку длабоко разработени кроеви со чисти и строги линии што го истакнуваат изгледот и интензитетот на облеката. Ликот на Ли Милер ја персонифицира жената за која се наменети креациите на Росица Мршиќ.
Едноставни кроеви се во основата на колекцијата, но тие се дополнети со плисирани и рачно изработени детаљи. Топлите зелени тонови се употребени за надградување и се преплетуваат со основната црна и контрасната бела боја. Еколошките крзна во централно користените бои во колекцијата го нагласуваат зимскиот карактер на парчињата, а брокатот идруги декорирани ткаенини се употребени за да се овозможи комбинација на парчињата за постигнување вечерен изглед. Колекцијата содржи дневни и вечерни парчиња што можат меѓусебно да се комбинираат.
Оваа сезона, модното студио на Росица Мршиќ слави осум години постоење со дваесет создадени модни колекции, со остварена соработка со домашната индустрија и со странски он-лајн платформии и концептуални бутици и со добиени меѓународни награди.
Колекцијата е наменета за продажба на домашниот и странскиот пазар во студиото на Росица Мршиќ, во продавницата Виа во Скопје, на онлајн продавницата на дизајнерката,на Bastet Noir во Македонија и на многу други интернационални онлајн продавници.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари