Етаблираната дизајнерка Росица Мршиќ ја промовира првата колекција од новата модна линија Essentials Collection. Повод за создавање нова линија е идејата да понуди модни парчиња на едноставни креации по достапни цени, кои што можат да станат дел од секоја женска гардероба. Станува збор за мини меѓусезонска линија.
Колекцијата е составена од 13 секојдневни парчиња наменети за девојки и жени чиј избор е практична облека со модерен и впечатлив дизајн. Препознатливиот стил на дизајнерката е забележлив во секое парче од колекцијата и ќе ги освои современите жени со можноста да го надополнат секојдневниот изглед со лесна доза на екстраваганција. Застапени се комбинации од здолништа и блузи со разигран крој, палта, панталони и фустани, во сива, црна, бела, темнозелена и окер нијанса, а дел од парчињата се со каро шари и принтови. Користени се волна, памук и полиестер.
Колекцијата е достапна за купување во студиото на дизајнерката, бутикот „Виа“, Lotus Design Store во „Скопје Сити мол“ и преку онлајн порталите на www.bastetnoir.com и Etsy.
Нема коментари