Фрaнцуската козметичка компанија Guerlain ги охрабрува, разубавува и еманципира жените со своите кармини уште од 1870 година, во оваа 2018-та нуди луксузни кармини кои се индивидуални како и жените што ги носат. Guerlain годинава го претстави својот прв кармин со двојно огледало, но и со неколку видови на шарени футроли со кои ќе го задоволат вкусот на различни жени – Rouge G de Guerlain ви нуди можност да го персонализирате вашиот кармин. Што треба да направите?
Прво ја бирате омилената нијанса на кармин од широкиот спектар на 30 бои, а потоа ја бирате маска од 15-те различни шари. Маската е завршница на луксузната метална опаковка во која е вградено двојното огледало. Конечно, ќе го добиете омилениот кармин во екстравагантна опаковка, која истовремено асоцира на старовременски холивудски гламур, но и на футурстички гаџет. Целта да е добиете кармин кој комплетно ќе го отсликува вашиот стил, а добрата страна е што карминот Rouge G de Guerlain е достапен во подобрите домашни парфимерии.
Rouge G de Guerlain е исклучителен кармин, со интензивна боја и формула која ги негува усните. Збогатен е со растителни полимери и сребрени микрокристали со рефлективна моќ. Со оваа извонредна формула ги подобрува усните, ги покрива во интензивна и долготрајна боја. Јојоба и путерот од манго помагаат да се хранат усните, нудејќи им инстантен и траен комфор. Содржи и хијалуронска киселина и гугуларна смола кои пак помагаат усните да изгледаат поволуменозни и мазни.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари