• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
едиторијал 0

Румор зимава румори во знакот на одржлива мода и изразена индивидуалност

Од Катерина Трајановска · На декември 21, 2019

1 rumor

Уникатност и квалитет, акцент на индивидуалноста и на одржливоста во модата се клучните атрибути на македонскиот бренд Румор. Овие атрибути се вклопени и во новите креации со потпис на Румор, зад кои сезонава водечката мисла е I know what I’m and I know what I’m not (Знам што сум и знам што не сум). Во продавницата на Румор сега ги има и колекциите на Emanù и на Bastet Noir, a фокусот на сите три бренда сезонава е на одрживата мода, реупотребата на материјали, рачната изработка, поддршката на локалните дизајнери и социјалното претприемништво. Новата колекција на Румор е претставена преку фотографиитe на Ани и Дими и стајлингот на Милена Танаскоска, а од брендот нагласуваат дека секоја недела ќе има достава на нови креации, па најмудро е почесто да ја посетувате нивната продавница за да не пропуштите некое уникатно парче.

2 rumor

-Румор како бренд постои три години, првата продавница беше отворена во Охрид, потоа после три успешни pop-up изложби во галеријата Акантус, конечно минатата година одлучивме да отвориме продавница и во Скопје. Идејата на Румор е мода која што не претставува секси преку разголено, туку секси преку сопствен стил и индивидуалност. Ова се однесува за нашата женска публика, за машката, напротив, се стремиме кон ослободување од типичниот мачо италијански стил – изјавија од Румор.

rumor (3)

Сите колекции на Румор, иако на прв поглед различни, во себе носат неколку заеднички нишки. Тие се Niche колекции, дизајните се инспирирани од индивидуалноста, а главната заложба секогаш е квалитет, квалитет, квалитет! Потоа од брендот се грижат 90% од  материјателите кои ги користат да се произведени во Италија, изработени во ателје за висока мода, да не се сезонски, туку вонвременски.

3 rumor

-I know what I’m and I know what I’m not e нашата водечка мисла за оваа сезона. Да се остане уникатен, индивидуален, не само однадвор, туку и одвнатре – вистинскиот за себеси е главната инспирација. Во време на масовна модна продукција и инстанти гратификации, нас нè интересира како можеме да погледнеме надвор од тоа и да се вклопиме во глобалната борба за човековата околина и одржлива мода. Тие се составени од повеќе параметри, меѓу кои што нас нè интересираат рециклирање и fairpay and equal pay. Време е жените да заработуваат повеќе од мажите – велат од Румор.

4 rumor

Во склоп на овие идеи од Румор решиле да соработуваат со домашните брендови Emanù и Bastet Noir.

-Во нашата In House колекција сезонава продолживме со препознатливите оригами шнитови, со кои навидум парчињата изгледаат едноставно и класично, но содржат скриен неочекуван детаљ. На класичната облека ѝ даваме уникатна нота. Со машката мода отидовме во друга насока, се вративме во 90-тите години и таа е под влијание на street style модата. Овие две идеи најдобро се вклопени во нашата голема селекција на унисекс блузони. Кога сме кај уникатноста, доставата на парчиња ќе биде секоја недела на нови модели во мали количини. You snooze, you lose – порачуваат од Румор.

13 rumor

Во концептот на Румор е вклучена и стилистката Милена Танаскоска, која после неколку соработки со брендот и препознавањето на заедничките идеи, сега е на позицијата моден директор на колекции во Румор.

-Покрај креативниот удел нејзина одговорност е да се грижи за јавното лице на Румор. Анонимноста понекогаш е многу благодарна работа за останатото – велат од Румор.

5 rumor

Продавницата на Румор се наоѓа во Дебар Маало, во улицата на еспресо студиото 7 грама. Селекцијата на брендови секоја сезона зависи од нивната генерална инспирација, која што секогаш е поврзана со социјално-економските движења на глобално ниво. Сезонава, освен нивната In House колекција, во Румор можете да најдете парчиња на Ристо, Луј Витон, Кензо, Монографи, Фјоручи и Сегрид.

7 rumor

-Многу сме селективни за облеката во нашата продавница. Во моментов работиме со ателје кое што рачно изработува парчиња за High End структурата на модата и на чии што етикети стои Made in Macedonia, парчиња облека кои што стојат заедно до парчињата на кои пишува Made in France and Made in Italy, а тоа кажува за вредноста и цената на рачната изработка. Артизан изработката е секогаш најценета и среќни сме што конечно е прифатена на нашиот пазар. Се надеваме дека нема да е моментален тренд, туку ќе е трајно – сметаат од Румор.

6 rumor

Фотографија: Ани и Дими/ Стајлинг: Милена Танаскоска/ Модели: Викторија Ристовска и Стефан Симоновски/ Шминка: Зорица Николова

 

Брендот Emanù и колекцијата Terra во Румор

Сезонава Румор соработува со младата дизајнерка која се потпишува под брендот Emanù и е дипломка по моден дизајн на Академијата за уметности L.A.B.A во Италија. Првите реализирани креации ги имала во текот на студиите, со кои учествувала на различни модни настани, една од позначајните е групната изложба Risvolti del abito, на која дел од нејзината дипломска работа - фустани рачно изработени со техника на мулаж, биле претставени како дел од концептот на парче облека во рамките на градскиот музеј во Римини. Во еден период се насочила на фотографијата, а на дизајнот му се враќа со изработка на накит од остатоци на различни видови материјали.

9 rumor emanu
-Предизвикот за нови проекти ме донесе до работилницата за рециклирање на деним, како еден од водечките загадувачи во текстилата индустрија, и реставрирање на стари парчиња мебел. Учествував и во проектот Sustainable Story за одржлива или екомода, каде се работеше со текстилен отпад од неколку фабрики во Македонија. Со примена на различни рачни и техники на шиење создадов мала колекција која беше претставена на Модниот викенд во Скопје – ни рече дизајнерката.

10 rumor emanu
-Свесни сме за загадувањето од текстилниот отпад што се случува, исто така и масовната продукцијата на облека во светот, неетичкиот начин на работа кој за жал е се позастапен во текстилната индустрија. Токму поради тие причини настана брендот Emanù. Капсулната колекцијата Terra е инспирирана од елементите во природата, изразени во различни текстури, материјали и рачни техники. Капсулната колекција е надополнета со рачно изработен накит од рециклирани материјали. Со презентација на Terra, дојде и до соработка со Румор. Капсулна колекција на кошули, one of a kind piece, каде секое парче е надополнето со рачно изработени детали. Традиционални занаети како ткаењето кое води до нула отпад во дизајнот и дел од техниките на манипулација на текстил се само дел што употребувам за добивање нов одржлив дизајн. Понекогаш и едно парче облека, на пример здолниште, може да се претвори само во детаљ на блуза. Mix and match на различен вид материјали е секогаш предизвик во мојата работа – вели дизајнерката.

11 rumor emanu

Дел од креациите на Bastet Noir овој декември во Румор

Даниела Милошеска од самиот почеток на основањето на брендот и онлајн платформата Bastet Noir  имаше цел да ги поддржи дизајнерите кои практикуваат еколошки начин на производството.

-Идејата за Bastet Noir беше започната со поддршка и онлајн пласман на локални дизајнери кои практикуваат еколошки начин на производство, меѓутоа пред две години брендот почна да функционира засебно. Го задржавме делот за поддршка на локалното производство и почнавме да работиме со жени самохрани мајки и жени микро претприемач,и сакајќи да ги поддржиме и да направиме реална промена во општеството во кое живееме. Во однос на еколошкиот начин на работа, во моментов работиме на тоа да ги замениме сите материјали кои сега ги користиме со органски сертифицирани и биоразградливи материјали, потег кој се надеваме дека ќе може да почнеме да го практицираме од 2021 година. Оваа година ги заменивме сите пакувања со еко пакувања кои се лесно разградливи и можат да се реискористат, а почнавме и да работиме со платформа за изнајмување на нашите парчиња.

bastet noir (1)

Следи и соработката со Румор и сега креациите на Bastet Noir ќе се најдат и во продавницата на Румор.

-Mи се допадна начинот на кој се развива приказната за Румор, особено нивната пасија, инволвираноста во креирање на безвременски парчиња и несебичната поддршка која сакаат да ја дадат кон локалните дизајнери. Почнавме да зборуваме за одржлива мода и најдовме доста заеднички допирни точки во начинот на кој работиме и она што сакаме да го постигнеме, па решивме да почнеме да соработуваме. Од овој декември, дел од Bastet Noir парчињата ќе бидат достапни во нивната продавница и се надеваме дека тоа ќе биде почеток на подолга соработка.

bastet noir (2)

Брендот на Даниела се вклучи и во социјално претприемништво и сега моделите на Bastet Noir ги произведуваат самохрани мајки. Како таа дојде до оваа идеја, што ја поттикна и колку е важна оштествената одговорност во модата?

-Откако постои Bastet Noir, основната идеја и цел позади брендот е поддршка на локални произведувачи и нивен пласман надвор од границите на Македонија. На почетокот овој дел од бизнисот не го комунициравме воопшто, не заради тоа што мислевме дека не е важен, туку затоа што мислевме дека не постои интерес. Меѓутоа како што светот стана посвесен за проблемите со кои се соочуваме кои се последница на брзата мода, самите клиенти почнаа да бараат од нас потранспарентно и етичко производство, па така решивме да почнеме да го откриваме процесот на производство и да ги раскажуваме приказните на жените кои работат за нас. Мислам дека е важно, особено во денешно време, секој бизнис да ја покаже човечката страна, она што според мене ѝ дава душа на секоја компанија. Модната индустрија е позната по својата тиранија врз луѓето кои ги произведуваат парчињата облека и затоа мислам дека е од особена важност да се инвестира во општествена одговорност како би избегнале уште една Рана Плаза. Луѓето се поврзуваат на емотивно ниво и доколку модните гиганти продолжат со игнорирање на овој проблем, новите брендови со сигурност ќе им зграбат голем дел од пазарот.

bastet noir (4)

Погледнете уште неколку фотографии од новата колекција на Румор:

8 rumor

12 rumor

14 rumor

Bastet NoirEmanùАни и ДимиДаниела Милошесказима 2019македонска модамакедонски дизајнМилена Танаскоскамоден едиторијалРуморфотосесија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • angie m (13) едиторијал

    OCEAN MYSTIQUE на Angie M. – колекција на костими за капење и облека за на плажа со која стилски ќе нурнете под океанот

  • 0 едиторијал

    LIMELIGHT на Мите Занов – колекција што ја слави експресивноста, имагинацијата, слободата и индивидуалноста

  • TRAILS01` едиторијал

    „Патеки“: Треш-панк естетиката инспирација за новата колекција на дизајнерот Христијан Младеновски

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics