Француската модна ѕвезда Сабина Сокол, новинарка и уредничка на друштвените рубрики во магазинот L’Officiel, блиска пријателка на Жана Дама и дизајнерот Жакемус, сака да носи опуштени комбинации како синоним на францускиот стил. Таа е една од оние Французинки што треба да ги следите на Инстаграм за стилска инспирација. Сабина својот стил го прикажа и преку фотосесијата за брендот H&M преку која ги прикажува нејзините омилени парчиња од H&M Conscious Exclusive колекцијата и како таа ги стилизира овие еко-креации. Таа ги избра пет парчиња од колекцијата и ги вметна во сопствениот стил. „Многу ми се допаѓа колекцијата, содржи парчиња кои изгледаат квалитетно, лесно се комбинираат, а и не чинат многу“, изјави Сокол за магазинот на H&M и откри дека најомилена креација ѝ е долгиот фустан со принт од органска свила, поради кројот, флуидноста и романтичниот изглед.
Нема коментари