Секоја жена сонува за блескава кожа и совршен тен, како убавиците од списанијата кои безгрижно се смешкаат и имаат беспрекорна шминка. Тоа ве наведува да се запрашате дали е можно и вие да имате таков изглед и да посакате мазно лице, како манекенките од насловните страни.
А некогаш и не се потребни чуда, доволно е само да се информирате за козметичките трендови, и да го одберете најдоброто за вас. Токму таков новитет во козметиката е пудрата MasterCreation на „Орифлеим“ која овозможува беспрекорен финиш, ја подмладува кожата и има луксузна текстура.
MasterCreation има комплекс што ја храни кожата и ја прави неверојатно хидрирана. Екстрактот од бел божур серумот од билки придонесуваат за екстра-хранливо дејство. MasterCreation исто така содржи филтер против загадување ProSkin, кој ја штити кожата од загадената животна средина, како и заштита СПФ 18, кој штити од штетните сончеви зраци.
А, ако сакате да ја комбинирате со друга козметика тука е целата колеција на шминки од Giordani Gold. „Орифлеим“ секогаш го има решението.
ЗА БРЕНДОТ
Giordani Gold е бренд за луксузна шминка, кој ги слави скапоцените нешта во животот. Класичната, софистицирана и шик убавина е совршен опис за Giordani Gold. Брендот почнува да се движи кон нов помодерен пристап, но големото внимание на деталите и ексклузивните производи се сè уште клучен дел од неговата филозофија. Производите на Giordani Gold се секогаш изработени со врвно мајсторство и врвни состојки.
ЗА ЛИНИЈАТА
MasterCreation е напредна линија шминка за моментално совршенство, од Giordani Gold. Таа е збогатена со технологија за подмладување, со луксузни состави, кои ти даваат резултат што ги надминува твоите очекувања. Те покануваме да откриеш што се крие зад совршеноста.
ЗА ПРОИЗВОДИТЕ
MasterCreation Карминот е збогатен со активни состојки што го зголемуваат раскошот на твоите усни, моментално и по подолго користење. Со клинички докажани резултати и богата текстура што ти дава совршени усни сега и во иднината.
Нема коментари