Цветните принтови, кои беа актуелни оваа пролет, ќе бидат заменети со трпски шари. Ова лето тие не се дел само од додатоците и моделите за на плажа, туку имаат широка примена и во урбаниот секојдневен изглед. Принтовите со листови и егзотични цветови, во зелена, впечатлива розова, портокалова црвена, сина и жолта боја, оваа сезона се најдоа аплицирани на комбинезоните, кимоната, широките панталони и здолништа, кошулите фустаните, како и на модните додатоци: чантите, ѓерданите, чевлите и обетките. Може да се носат во комбинација со еднобојни парчиња, или со креации до пруги, а одлично одговараат со џинс-модели. Похрабрите трендсетерки ги комбинираат со друго шарено парче, цветен или друг тропски принт или со геометриски шари. Во летните колекции на популарните брендови за секојдневна мода, како: „Манго“, „Зара“, Massimo Dutti, „Бершка“, „Страдивариус“ и други се најдоа модели со тропски принтови, што лесно може да се прилагодат на вашиот лежерен или урбан стил.
Нема коментари