Внесете го шаренилото и шармот од егзотичните острови во градската мода преку парчиња со тропски мотиви. По примерот на светските блогерки, комбинирајте ги со контрасни шари, тантела и неутрални детали.
Мешање на принтови: Да, хавајската кошула може да изгледа стајлиш кога ќе ја искомбинирате со молив-здолниште во контрастен принт како линии.
Шарен комбинезон: Комбинезоните се вратија во мода, а летен хит се оние исшарани со тропски цветови и растенија. Шарата смирете ја со неутрални модни додадоци и ниски сандали.
Баланс со кежуал облека: Изберете горен дел во слмели шари и интензивн бои кој ќе го врамнотежите со обични џинс-шорцеви.
Може и обратно: Истиот принцип по обратен редослед – горе е тексасна кошула, долу интересно плисирано здолниште со тропска шара.
Со нежна тантела: Иако стилски неспоиви, романтичната тантела може да изгледа складно со здолниште со апстрактноотропски принт.
Островски живот на градски асфалт: Понекогаш не мора да сте на рајски остров за да облечете облека со палми или други троспки растенија, нели? Маица со напис и шорцеви со мотив на хибискус е одличен стајлинг за викенд прошетка во градот.
Вечерен предлог: Иако здолништето има интензивна и скоро нападна шара, изгледа доста складно во комбинација со кошула и голема плик-чанта со леопардов принт.
Нема коментари