Модниот бренд Sara Fashion започна со најголемата РОДЕНДЕСКА #СФ АКЦИЈА по повод 19 години постоење. За време на акцијата љубителите на модата ќе имаат можност да ги купат своите омилени модели намалени до 70%. Акцијата важи во сите продавници на Sara Fashion низ Македонија и онлајн на www.sarafashion.mk
„На нашите купувачи секогаш за нашиот роденден, ние им подаруваме мега попусти, така и оваа година може да купат сè по намалени цени за целото семејство. Ги покануваме да го прославиме роденденот заедно до 15 септември во сите наши продавници,“ велат од Сара Фешн.
Членовите на целото семејство можат да изберат по ниски цени да купат класични и дезенирани модели на костими за капење од новата колекција за 2018 година, долна облека, како килоти, маици, градници, танги, потоа пижами, чорапи, хулахопки и аксесоари од брендовите СФ, Помпеа, Пенти, НББ.
Роденденската #СФ акција трае до 15 септември, а количините на производите се ограничени.
Нема коментари