Со ревијата на Сара Реџиќ денеска во 19 часот во Универзитетската библиотека ќе почне последната вечер на 17-тото издание на Моден викенд Скопје. Колекцијата е именувана La vie en rose (Живот во розово). Како и во претходните нејзини линии, главна инспирација е жената.
- Храбрата и силна, нежна и ранлива – во ист момент, секоја жена на светов е суперхерој. За успешно да го преброди денот, обврските и животот таа има потреба од време на време да побегне во својот „розов свет”. Токму таму во едно скриено катче во нејзината душа се собрани сите таги, радости, мечти и љубови, свет од кој црпи сила и им простува на животот и светот што не се совршени – ни изјави креаторкара која стои зад брендот Sari Gi by Sara Redzic.
Колекцијата е наменета за пролет-лето 2018, а содржи секојдневни парчиња облека, изработени од памучни ткаенини надоплнети со рачни доработки.
-Карактеристично за мене и мојот стил се јаки и весели бои, цветни разиграни шари така да секое парче е своја приказна. Облеката ќе биде надоплнета со рачно изработен накит од Емануела Трајческа од E.T accessories – вели Сара. (А.Н.С)
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари