Во ова доба на живеење со опасноста од коронавирусот и се заштитуваме со седење дома, бројни културни институции понудија бесплатни образовни програми и курсеви, на оваа тенденција се приклучи и фондацијата основана од модниот дизајнер Александар Меквин, наречена Sarabande. Од 27 март веќе течат едукативните разговори наречени Sarabande Sessions кои опфаќаат теми од модата и уметноста. Во овие едукативни предавања и разговори ќе ги проследиме кустосот на музејот Метрополитен Ендрју Болтон (слушајте го утре,31 март, како зборува за „кемп“ модата), модниот фотограф Тим Вокер, костимографката оскаровка Колин Етвуд, дизајнерката Моли Годард, основачот на брендот A-cold-wall Семјуел Рос, уметникот Џејк Чемпен… Предавањата се достапни на интернет страницата на фондацијата Sarabande и траат до 9 април.
Нема коментари