Главната хероина во новата промотивна кампања на луксузната модна куќа „Диор“ за пролет-лето 2018 е руската супермоделка и уметница Саша Пивоварова. Инспирирана од француско-американската уметница Ники де Сен Фал, Сашацрта портрети додека во исто време позира во пролетната колекција на „Диор“ пред објективот на познатиот фотограф Патрик Демаршелие. Кампањата е направена во мнималистички манир и потсетува на уметноста од 60-тите, манекенката носи мини фустани и пругасти креации во париски стил, а целокупниот имиџ и стајлинг е под водство на креативната директорка на „Диор“, Марија Грација Кјури.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари