Новогодишни украси, рачно изработени модни украси и додатоци за домот, кукли, накит од стакло, сребро, дрво, храна и други производи привлекоа неколку стотици гости вчера на еднодневниот базар „КрафтАРТ Фест“ во Старата скопска чаршија. На единаесеттото издание традиционалниот новогодишна продажна изложба собра на едмо место 35 македонски артисани и дизајнери од цела Македонија. Во преполниот седми кат на хотел „Арка“ можеа да се пробат и набават волнени производи и украси од филц: капи,шалеви, чорапи, нараквици, брошеви, дрвени накит, украси за на елка и детски играчки, светилки и предмети за домот од лејка, современ накит изработен во филигран техника, стаклени новогодишни додатоци и накит, ќерамички и бакарни производи, честитки… Учесниците создадоа фантазија од традиционални и современи рачно изработени подароци. Тие со своите производи, го подигнаа празничното разпложение, многумина од гостите набавија дарови за најблиските, а други се подновија со по некој моден додаток, ги пробуваа и им се одушевуваа на делата на креативците. Присутните можеа да набават уникатен накит од Моника Лозановска и Александар Баки Милев, кои стојат зад брендот за накит „Еклектика“, додатоци од виткана бакарна жица Даниела Наумова, сребран накит и парлињаод месинг на Елена Ристовска, Уникатните рачно цртени ѓердани и брошеви од Александра Иванова, честитки од рачно изработена хартија и дрвен накит од Јасмина Главинче (WizArt).

Ѓерданите на Буба ги одушевија дамите
На базарот постителите имаа можност даизберат подарок и да си набават уникатен украси. Современи сувенири изработени со традиционални техники понуди Лидија Марковска („Вивалди“) . Можеа да се погледнат прозиводи од од филц, орнаменти и моливи од рециклирани весници со потпис на Кате Милошевска и Ивана Маневска, накит и орнаменти од лејки на Ѕвонко Спасовски („Арт студио АЈГА“)… Магдалена Стефановска (Бамбус) понуди рачно работен накит во комбинација на разни техники, Елеонора Дуљанова- рачно сликани свилени марами; Ленче Тошевска ( „Брош ленд“)претстави рачно изработени модни додатоци; Џане Крешова од „ Женскиот Форум – Тетово понудиткаени производи. На штандот на Катерина Златановска(„Позитиво“) имаше рачно направени чоколадни бомбони, колачиња и лижавчиња; кај Ристо Ефремовски (ФамилијаЕфремовски)- производи за носење и модни додатоци од филц; кај Елена Ѓурчевска (Eli’s accessories)- накит и производи од мониста, акај Мими Гогушева („Витрум“) можеше да се набават накит и украси од фузирано стакло. Дијана Томиќ Радевска се престави со прозиводи од paper mashe, Здруѓението на жени од Крушево понусија домашно направени: тарана, јуфки, слатка…; ЗДМ-традиционални сувенири и плетеници; СОЛЕМ-Дневен креативен центар за лица со посебни потреби- Door stoppers, wind stoppers, држачи за клучеви, траки за пантaлони за велосипедисти, корпи од платно за саксии и друго. Дел од проект каде дизајнери на производите и графичкиот изглед се Дијана Томиќ, Зоран Рунчев и Весна Аврамовска.

Накит и орнаменти од лејки на Ѕвонко Спасовски („Арт студио АЈГА“)
Луиза Милутин (Луи СТИЛ) понуди украси од фузирано стакло; Иво Наумовски одушеви со дизајнираните светлечки тела од лејки; Марија, Ивана и Елена Јовановски- преставија филигран и лиен накито од сребро, бронза во комбинација со дрво; Весна Апостоловска („Мали нешта“)- традиционално имаше созадено дрвени декоративни производи во впечатливи бои; Александра Крстевска направила комбинација на филигрански елементи со тантела. Една од највпешатливие беше тезгата на Буба која престави уникатни јаки и ѓердани -комбинација на филц и мониста. „Шаде“ се претстави со чанти и модни додатоци од филц; Елизабета Филц- шапки и брошеви од филц и тантела, Елена Мехмети- марами и шалови везени на машина-техника на слободна рака; LaSoy-претстави рачно работени сапуни; Катарина Дода- се престави со накит изработен во филигран техника; Моника Станојковска (Орнаменти), декоративни производи и часовници од дрво со техника на ласерско сечење и боење ; Марга Арнаудова-кукли изработени со амигруми техника, а Валентина Манева- производи од ќерамика.

Посетителите се подновија со плетени прозиводи
Продажната изложба на уметнички занаети е организирна од страна на МАТА (Македонска Артисанска Tрговска Организација) и хотелот „Арка“, а е подржана од Министерството за Култура на РМ. Во рамките на „КрафтАРТ Фест“ ќе се одржи добротворна продажба организирана од страна на Лионс Клубот Скопје – Светлина. Производите што ќе бидат предмет на аукцијата се донација од дизајнерите, ракотворците и креативните занаетчии, а собраните средства се наменети за добротворни цели.
Фото: Stylist.mk

Еден од најпосетените штандови беше на Александра Иванова, која покрај линијата „Наши луѓе“ , ја престави и новата колекција на ѓердаби и брошеви нацртени со градовите од соништата

Danna Art Jewelry имаше голема понуда на накит од бакар и сребро

Меѓу учесниците беавеќе добро познатите Моника Лозановска и Александар Баки Милев, кои стојат зад брендот за накит „Еклектика“

Неуморната Јасмина Главинче ги престави своите честитки од садлива хартија и урбан накит од дрво

Фантазија од лејки: Иво Наумовски

Украси од ателјето на Дијана Томиќ Радевска

Ленче Тошевска од „Брош ленд“ престави плетени додатоци за оваа зима

Богата понуда на тезгата на „Мокош“

Дизајнерката на накит Елена Ристовска престави додатоци од месинг и од сребро

Сувенитите на „Вивалди“ со симболи од македонскиот фолклор

Од презентацијата на здружението Солем

Жените од Крушево преставија домашно изработени специјалитети

Накит и новогодишни украси од студиото “Витрум“

Шарениот штанд со уникатни украси на „Мали нешта“
Нема коментари