Во топла , срдечна и разиграна предновогодишна атмосфера во осветлениот со сонце седми кат на хотелот „Арка“ во Старата скопска чаршија, неколку стотици љубители на рачно изработените уникати вчера го проследија 14. издание на CraftART Fest. На штандовите можеше да се погледне шаренило од модни креации и додатоци за домот, направени од дрво, керамика, сребро, смола, еко-материјали, хартија, флиц и волница од 40-тина домашни дизајнери, креативни занаетчии и ракотворци. Во дизајнерскиот лавирит на „КрафтАРТ Фест“ можеше да се најде накит изработен од разни материјали и во различни техники како: филигран од Елена Ристевска и Dora Nova, со епоксидна смола од Марија Манева (Windmillshop) и Farina’s handmade, од мониста – Елена и Станка Ѓурчески, од плексиглас , метални парчиња и друго -Emi Noris art, од електронски компоненти на Mei Ro, како и рачно изработени парчиња од Кристина Мауровска и Ема Димковиќ.
Посетителите можеа да ги погледнат и уникатните торби, раниња и паричници од Наташа Јакимовска (Fabrika 13), кожените чанти со уметнички апликации од Карло Хорват, дрвените кравати од Златко Китаноски (Woodyz) , еко-честитски и накиот од Јасмина Главинче и принтани торби, слики, тефтери, брошеви, календари и други додатоци со цртежи од Em Ellephantski.
Традициолано, на штандовите беа и креациите од флиц од Елиза Костова, Оливера Ефремова, Buba и Shade, ткаените шалови од Сузана Гоцевска, плетени модни додатоци од Станка Димитрова и Билјана Кецман, како и плетените кукли за најмладите од Марга Арнаудова.

Плетени кукли за најмладите од Марга Арнаудова
Во богатата понуда на украси за домот беа керамичките чаши, тацни,чајници и брошеви со рачнонаправени цртежи од „Тиноски“ и симпаричните украси и парчиња накит од „Керамика кафе“. Можеа да се погледнат креациите од фузирано стакло на: Luiza и Vitrum, декупаз од Сања Банчиќ и Владанка Димитрова Урошева, дрвени декорации од „Мали нешта“ , како и додатоци за станот од Моника Станојковска. Едни од повпечатливите потановки беа графираните лејки од Иво Наумовски, минијатурни слики од Зоран Рунчев и дрвените сувенири од Охрид од Соња Трифуновска.

Ламби, украси и накит од лејки изработени од Иво Наумовски
Гостите можеа да пробаат домашни јуфки и слатка од „Крушевска жена“, чоколоада од POZITIVO и слатко од костени од KESTENE. И годинава меѓу учесниците беше SOLEM-здружението на граѓани кое работи со лица со попреченост кои ќе понудат дизајнирани производи за секојдневна употреба. Свој штанд имаа и Lions како и Еxplorium-научниот клуб за најмладите.
Продажната изложба на уметнички занаети „КрафтАРТ Фест“ има за цел да ги претстави уникатните македонски рачно изработени производи пред широката публика и истовремено да создаде приход за ракотворците. настанот традиционално еорганизирн од страна на МАТА (Македонска Артисанска Tрговска Организација) во соработка со Хотел „Арка“. (А.Н.С.)
фото: Stylist.mk

Подароци и украси од „Мали нешта“

Валентин Петрески кој стои зад младиот бренд за уникатни керамички производи со цртеж и порака

Маички со принт, брошеви, рамки со слики и керамички со уникатни цртежи ипораки од „Тиноски“

Марија Манева од Windmillshop понуди накит од епоксидна смола, персонализирани нотеси и чердани од текстил

Нотеси од Windmillshop

Еден од најшарените и најбогати штандови-на Windmillshop

Шаренило од производи од фузирано стакло на штандот на Vitrum

Уникатен накиот од стакло од Vitrum

Креациите на Farina’s handmade беа едниод најбараните

Модели од дрво и смола со уникатниот печат на Farina’s handmade

Јасмина Главинче се претстави со своите еко- честитки и накит од рециклиран материјал

Препознатливите еко-разградливи честитки со семе до Wizart

Дрвени сувенири од Охрид од Соња Трифуновска

Смпатичните креации на „Керамика кафе“

Новогодишни украси од „Керамика кафе“

Плик чанти и паричници од Кожарска индустрија „Хорват“

Еm Ellephantski понуди принтани торби, слики, тефтери, брошеви, календари и други додатоци со цртежи

Цртежи со приказна од Еm Ellephantski

Накиот од електронски отпад од Меи Ро зачудува и одушевува

Еми Норис ја престави новата колекција накиот од плексиглас

Уникатни новогодишни украси и честитки

Рачно плетените капи и шалови редовно се во понудата на базарот

На штандовите имаше и традиционално слаткоод смокви

Укасни и топли додатоци од волница

Покрај куклите, Марга Арнаудова понуди и плетени капи и облека за деца

Накиот од од мониста од Елена и Станка Ѓурчески

Торбите, ранчињата и паричниците од Fabrika13 беа едни од највпечатчивите на ова изданиена базарот
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.>
Нема коментари