Иконичната париска продавница Colette вчера соопшти дека после 20 години ги затвора своите врати. Основана во март 1997 година од страна на Колет Русо, концептуланата продавница на Rue Saint Honorè доби култен статус поради својот еклектичен микс на модни брендови, иновативни излози, уникатни производи, прочистена јапонска естетика во ентериерот и поради поддршката на бројни независни, авангардни и srtreetwear брендови. Во продавницата на 700 квадратни метри поместени се уште широк асортиман на книги, електроника, гаџети, продукт-дизајни, козметика, храна… Сара Анделман, ќерката на Колет која во последниве години ја води продавницата, соопшти дека Colette ќе биде затворена на 20 декември годинава. Таа констатира дека многи работи се смениле од 1997 години до денес и дека сите добри работи понекогаш треба да завршат. Доколку до декември сте на патување во Париз, задолжително посетете ја една од најпознатите и најинтересни концептуални продавници во светот.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари