Скопското кафуле „Олд скул“ повторно организира размена на стара облека, а третото издание на Second Hand шопингот е закажано за сабота, 9 септември, од 10 до 20 часот. Кафулето се наоѓа спроти Олимписки базен.
-Нашето бесплатно шопингување преминува во традиција која по ваша желба решивме да ја организираме на 3 месеци, или поточно на премин во новата сезона. Поттикнати од креативноста на „Една може“, на прекрасните самохрани мајки кои рециклираат облека, одлучивме и овој пат ним да им ја донираме собраната гардероба. Принципот останува ист. Доаѓате со облека, обувки, книги кои ви се непотребни, оставате и добивате ист број на кеси колку што сте оставиле. Бирате и земате тоа што ви се допаѓа. Сè што ќе остане оди во рацете на „Една може“ – објаснуваат од „Олд скул“.
Нема коментари