Рекламните кампањи на Келвин Клајн секогаш изобилувале со сексуална конотација и контроверзни фотографии, во новата за линијата Calvin Klein Jeans акцент е ставен на секси пораките и на апликацијата за запознавање партнер Tinder. Фотографиите ги направи Марио Соренти, сликани се повеќе двојки (па и тројки), а на самиот визуел се вметнати секси дијалози како оние од социјлните мрежи. Брендот со ова сака да започне дијалог за тоа каков е пристапот на вистинските луѓе во љубовните состаноци и врски во денешното дигитално доба.
Нема коментари