Популарната поп ѕвезда Селена Гомез го украде вниманието на црвениот килим на вчерашното доделување на American Music Awards со својот изглед. На музичкиот настан таа го покажа својот нов, сосема различен изглед и се појави како – блондинка. Двадесет и пет годишната пејачка поради своите латино корени имаа темен тен и црна коса, и не експериментира многу околу бојата на косата. Претходно ја осветлувала косата неколку нијанси, но никогаш не била баш блондинка. Бојата и рокерската фризура таа ја надополни со црн кожен фустан кој изледаше како долга кожна јакна и црни салонки со нитни.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари