• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
едиторијал 0

Шест македонски модели од различни генерации во модна кампања за МАРКОВ

Од stylist @StylistMKD · На мај 21, 2019

Sani_for_Markov_by_Jovana_Zuka

По ревијата која се одржа на 24 март во објектот на Националната галерија на Македонија – Даут Пашин Амам, дизајнерот МАРКОВ продолжува со промоција на претставената колекција, трета по ред, низ кампања во која се појавуваат шест истакнати македонски модели од различни генерации.

Кампањата, чиј креативен концепт е резултат на колаборација помеѓу МАРКОВ и фотографката и стилистка Јована Зука, ја претставува гламурозноста на жената во секоја етапа од животот, низ модната призма на дизајнерот.

Katarina_for_Markov_by_JovanaZuka

Манекенки во различни фази од своите животи, дел со веќе импресивни, долгогодишни кариери, но и свежи лица чие време допрва доаѓа, се фотографирани во маркантни изданија на впечатливи скопски локации препознатливи по својата бруталистичка, модерна архитектура. На кампањата се работело во периодот од февруари до мај, на шест засебни фотосесии. Истата беше премиерно претставена минатата недела на социјалните мрежи на Марков, Зука и моделите кои беа дел од неа.

Nadica_for_Markov_by_Jovana_Zuka

Шесте ѕвезди на оваа кампања се Надица Георгиева, фотографирана во долга вечерна тоалета инспирирана од операта, Катарина Ивановска, во сензуален, но истовремено и силен црн комплет инспириран од мистериозна птица, Сани Богдановска во строго пругасто троделно одело чија главна референца е моќниот машки бизнис-костим, Маја Сашек во женствен бохо фустан со мотив на магнолии, како и младите модели Горјана Кулишевска во авангарден комбинезон дизајниран по мондријански принцип на врамени обоени полиња, и Миа Симоновска во сензуална интерпретација на женски “power-suit”.

Mia_for_Markov_by_Jovana_Zuka

Шесте МАРКОВ жени со својата специфична убавина, животна приказна, карактер и појава, и кампањата која ги обединува, целат кон тоа да покажат дека гламурот и стилот не се резервирани само за одредени жени во одредена старосна граница, туку за жени од сите генерации кои бестрашно носат смели парчиња облека.

Maja_for_Markov_by_Jovana_Zuka

Gorjana_for_Markov_by_Jovana_Zuka

Јована ЗукаГорјана КулишевскаИгор МарковКатарина ИвановскаМаја Сашекмакедонска модамакедонски дизајнмакедонски манекенкиМарковМиа Симоновскамодна кампањаНадица Георгиевапролет-лето 2019Сани Богдановска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • angie m (13) едиторијал

    OCEAN MYSTIQUE на Angie M. – колекција на костими за капење и облека за на плажа со која стилски ќе нурнете под океанот

  • 0 едиторијал

    LIMELIGHT на Мите Занов – колекција што ја слави експресивноста, имагинацијата, слободата и индивидуалноста

  • TRAILS01` едиторијал

    „Патеки“: Треш-панк естетиката инспирација за новата колекција на дизајнерот Христијан Младеновски

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics