Сестрите-близначки Мери-Кејт и Ешли Олсен најавија отворање на бутик во Лос Анџелес за својот бренд за облека The Row. Ова ќе биде прв продажен центар од ваков тип за модната куќа на мултимилионерките и актерки, а ќе биде сместен во Мелроуз плејс.
-Во моментов уредуваме бутик во Мелроуз плејс и многу сме преокупирани со тоа. Процесот е компликуван и исцрпувачки, а самиот факт дека ова ни е прв бутик , јасно зборува за тоа дека секој ден нè очекува ново изненадување-изјави Ешли во шоуто на Елен Деџенерес, каде што гостуваше со својата сестра за промоција на новиот парфем под нивниот втор бренд, Elizabeth & James.
Концептуалниот простор повеќе е оаза за опуштање, отколку место каде што царува модата. Креациите се изложени во широк прстор опкужен со стакло , а во самиот центар е предвиден базен.
-За нас ова беше како да сме купиле нова куќа, место каде што модата е само дел од ентериерот-велат сестрите.
Нема коментари