Еден од најсмешните и најсатирични Инстаграм профили поврзани со модата е Siduations на поранешниот моден публицист Сидни Праватјотин. Тој преку колажи и користејќи фотошоп креира и објавува хумористична содржина, односно своја верзија на уличната мода, кампањите, едиторијалите и модните ревии. Сидни сака да се пошегува, но и суптилно да ја искритикува модната сцена.
Во моментов на Siduations профилот на пик се модните кампањи за есен-зима 2018/19. На покана на сајтот Fashionista Праватјотин направи своја верзија на новите кампањи, мешајќи ги со стари кампањи од истиот бренд – резултатот не само што е смешен, туку и илустрира колку естетската и севкупната порака на брендот може да се промени за само неколку сезони. На пример, можеме да видиме како ретро максималистичкичката естетика на сегашниот креативен директор на „Гучи“ Алесандро Микеле, изгледаат во елегантниот и модерен свет креирани од претходниците Фрида Џанини и Том Форд. Или пак како феминистичката воинка на Марија Грација Кјури („Диор“) е опкружена балетските тоалети на Раф Симонс.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари