Британската актерка Сиена Милер е ѕвезда на новата рекламна кампања за Ford Mustang. На фотографиите нејзиниот имиџ е како од 80-тите години, со залижана, нанзад исчешлана коса, и со секси црн фустан. Всушност се појавува во две креации: припиен модел со отвори од Dion Lee и во елегантен дизајн со тантела од Стела Макартни.
Сиена позира пред објективот на познатиот моден фотограф Ранкин. Станува збор за реклама со која се промовира црвен модел од познатиот американски бренд на автомобили. На дел од фотографиите позира покрај возилото, а има и кадри каде што вози.
Актерката важи за една од најголемите модни икони на својата генерација, често се појавува и како модел во кампањите на модните брендови. Актуелна е со ангажманот во реклама на „Барбери“, со нејзиниот партнер Том Стариџ.
Нема коментари