Колекцијата од новата дизајнерска соработка на модниот бренд H&M со ирската креаторка која твори во Лондон, Симон Роша, вчера почна да се продава и предизвика огромен интерес кај модната публика. Како и претходните дизајнерски за H&M, и оваа колекција веднаш се распродаде, а на моделите не им одолеја ни модните трендсетерки како Џеси Буш, Емили Синдлев, Анабел Розентал, Сабин Сокол, Леони Хана… Се чини дека најбарани и најспецифични модни креации се беж мантилот со балон-ракави и серијата бели и романтични фустани.
Нема коментари