Ако постои некој што знае што значи да се биде манекенка во 80-тите, времето на големи тапирани фризури, опасни услови на работа, односно позирање со егзотични животни, и на облека со „потпунки“, тогаш сигурно тоа е Синди Крафорд. Познавајќи ги сите тајни на супермоделите и манекенството, Крафорд како една од најголемите ѕвезди во 80-тите и 90-тите одлучи да креира и продуцира телевизиска серија токму за супермоделите од 80-тите. Според Variеty, 49-годишната Крафорд ќе соработува со NBC, работниот наслов е „Икона“ (Icon), а извршни продуценти се актерите Ен Хеч и Џејмс Тапер. На серијата ќе работи и Робин Бисел, продуцентот на „Игри на гладта“. Дејствието е сместено во 80-тите и претставува екранизација на измислени настани за војната меѓу тогашните најдобри модни агенции Ford и Elite, а не на вистински случки од животот на Крафорд.
Нема коментари