Супермоделот Синди Крафорд, која важи за една од најубавите манекенки на сите времиња, е заштитно лице на пролетната линија на брендот за часовници „Омега“. Крафорд, која беше дел од златната генерација на манекенки од 80-тите и 90-тите , и на 48 години изгледа атрактивно и секси. Во рекламата таа позира во костум за капење и во тесен припиен црн фустан, покажувајќи дека е во топ-форма. Фотографиите ги сними Бруно Дејан.
Нема коментари