• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
книги-магазини 0

Синоличка Трпкова ќе ја промовира својата прва прозна книга „Никогаш не кажувам”

Од stylist @StylistMKD · На ноември 8, 2021

sinolicka trpkova

Книжевниот првенец на познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова, „Никогаш не кажувам”, ќе биде промовиран на 11 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол”. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис”, дел од „Арс Ламина – публикации”, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.

„Никогаш не кажувам” е куса проза со есеистички поттекст. Нејзината организација во пет одделни циклуси и воведна, програмска приказна со ист наслов како и самата книга, го структурира читањето, формирајќи одделни островчиња на интерес, како на авторката, така и на потенцијалниот читател. Започнува со крајно лични приказни со острицата на ножот вперена во раскажувачкото јас; со син и ќерка, со состојба во која „раскажувачот” е родител; продолжува во втора целина кога „раскажувачот” е дете; третиот циклус е мешавина и од едното и од другото, вител од родители и деца, од минато и сегашност измешани во некакво трајно постоење.

Во него се реферира на луѓе од секојдневието, на јавни и обични личности вмрежени во емоционалниот координатен систем на авторката. Наидуваме на омажи, вистински медалјони за Данчо Чеврески, но и за другарката Соња; во оваа книга „гостуваат” и Слободан Унковски и Марјан Алчевски, но и мириси, вкусови и одамна починати деца во една болница во Франција – митскиот топос на Синоличка, точката во која е забиена боцката на нејзиниот емоционален шестар. Четвртиот циклус е опфат на нашето актуелно време, еден автентичен поглед на пандемијата прекршен низ лично огледало. Последниот, петтиот циклус е есеизирање на книжевното од претходните четири. Се разликува дури и по насловувањата.

Наспроти книжевните насловувања од претходните четири циклуси, во петтиот, сите четиринаесет цртички се со ЗА: ЗА интернетот, ЗА емпатијата, ЗА половите, ЗА талентите, ЗА фашизмот итн. Ова не е напуштање на книжевноста, на раскажувањето, туку еден вид проширување на фокусот со поангажиран социјално, културолошки пристап; еден вид дијагностика на раскажувачките состојби од претходните циклуси. Токму во овој спој на нарацијата и пошироката општествена размисла се добива хибридната глазура на книгата. „Никогаш не кажувам” е топло, но не и нежно справување со времето, со спомените, со болките и радостите на живеењето пред и во пандемијата. Кажано со зборовите на авторката, ова е „хроника на интимата”, но и брутално искрена книга во која острицата на ножот е насочена навнатре, кон самиот раскажувач, не нанадвор кон раскажаното.

Најзначајно за оваа книга на Синоличка Трпкова е што истовремено и нѐ изненадува и не нѐ изненадува. Знаејќи ги нејзините мошне луцидни и популарни искажувања за многу актуелни и горливи прашања од секојдневието на социјалните мрежи, особено на „Фејсбук”, како и нејзината висока писменост во најширока смисла на зборот, ни се чини нормално да објави книга. Тоа не нѐ изненадува. Но, откако ќе ја прочитаме „Никогаш не кажувам”, сепак сме изненадени, зашто книгава е многу повеќе од ангажирано и умно „пишување” и коментирање. Таа е уметничка проза. Книжевност. Нарација со есеистички поттекст. Автобиографија со минимум исповедност, со максимум литерарност.

Синоличка (Ноли) Tрпкова е филмска, телевизиска и театарска актера. Долгогодишна професорка е на Факултетот за драмски уметности по предметот Актерска игра пред камера и е авторка на учебник на оваа тема, единствен на македонски јазик. Позната е и како колумнист, авторка и водителка на образовен телевизиски серијал; препознатлив глас „на совеста” на социјалните мрежи, каде што често го кажува јасно и прецизно она што другите го мислат. Затоа многумина мислат дека ја знаат. Во оваа хроника на интимата, наречена „Никогаш не кажувам” нè води до нејзините скришни места и самата ни кажува која е, всушност.

Книгата „Никогаш не кажувам” веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк”, и онлајн преку www.literatura.mk.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • darko pancev книги-магазини

    Вечерва промоција на авторизираната биографија на Дарко Панчев од Зоран Михајлов

  • Воли_Лефти и Рајти книги-магазини

    Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти од Наташа Дукоска

  • kostimot vo makedonija книги-магазини

    Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics