Чешкиот супермодел Каролина Куркова е дел од динамичната пролетна фотосесија со еклектични дизајни за новото издание на Stylist Magazine. Стајлингот е на Александра Фулертон, која измикса неколку уникатни изгледи, со модели со племенски шари од „Александар Меквин“, креации со флорални мотиви од „Долче и Габана“, шик облека на „Луј Витон“ и уште многу парчиња од разични модни брендови. На фотографиите, што ги сними Џон-Пол Пиетрас, Куркова се појавува во различни изданија, со руса, црна црвена и исшарана боја на коса. Стајлинзите се движат од пин-ап девојка, рокерка, панкерка, ретро изглед од 50-тите и 60-тите, андроген имиџ и друго.
Нема коментари