• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Британците незадоволни што скапиот бренд на Саманта Камерон се произведува евтино во Македонија

Од stylist @StylistMKD · На февруари 14, 2017

1

Саманта Камерон, сопругата на поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, важи за една од најдобро облечените жени и затоа беше очекувано после политиччкиот ангажман на сопругот, да се впушти во моден бизнис и пред неколку месеци го најави својот моден бренд Cefinn. Деновиве почна да ги промовира парчињата од колекцијата, и Саманта веднаш наиде на негодувања поради цените – на пример една обична сатенска маица чини 110 фунти (8.000 денари). Потоа на Британците не им се допадна тоа што облеката ја нема во големи конфекциски броеви. А сега, како што пишува Daily Mail, реагираат затоа што скапите парчиња можеби се дизајнираат во Лондон, но се произведуваат во фабрики во Источна Европа каде што работната сила е многу евтина.

Весникот пишува како скапиот бренд на Саманта Камерон се произведува во Македонија каде што работниците земаат многу мала плата – 64 пени од час, односно околу 45 денари од час. Јавноста реагира дека облеката што ја дизајнира Камерон е многу обична, а толку скапа како „луксузна урбана униформа за вработените жени што ја сакаат модата“.

Во едно истражување на весникот Guardian од август минатата година се критикуваат западните брендови дека својата облека ја прават, меѓудругото и во Македонија каде што некои од работниците заработуваат по 45 денари на час, често работат прекувремено, во мрачни и понекогаш опасни услови. На етикетите на Cefinn стои дека производот е направен во Македонија, но весникот не наведува точно во која фабрика и не е познато колку таму заработуваат работниците.

„Текстилните работници во Македонија често работат прекувремено и земаат ниски плати. Брендовите од Велика Британија имаат одговорност кон луѓето што ја прават нивната облека, и треба да се осигураат дека работниците земаат пристојна плата“, смета Никола Раунд, од британската организација Labour Behind the Label.

На оваа реагираат и од Cefinn и лицето одговорно за односи за јавност од модниот бренд соопшти: „Фабриките кои соработуваат со Cefinn се во согласност со сите меѓународни прописи. Cefinn работи само со фабрики кои се целосно ревидирани. Имаме блиски односи со сите фабрики кои ги користиме и ги посетуваме редовно“.

Раунд стои на тоа дека ревизија на фабриките може да го покаже спротивното (со условите на текстилните работници кај нас сме сите запознати). Иако ревизиите генерално не се ефективни и не носат вистински промени за работниците, потребно е понатаму да се прават како еден од начините да се најде решение. Исто така, се очекува компаниите да ги поддржуваат работниците во нивните права да се организираат во синдикати.

Саманта Камерон во моментов ја промовира колекцијата на Cefinn, која содржи луксузни, но класични модни парчиња како фустани со едноставен крој, блузи и молив-здолништа, а парчињата од вчера се продаваат во стоковната куќа Selfridges во Лондон и онлајн на Net-a-Porter. Камерон како сопруга на британскиот премиер беше вклучена во британската модна сцена, беше амбасадор на Британскиот моден совет и своевремено агитираше дека треба да се поддржат домашните произведители. Но, поинаква е приказната кога се промовира сопствен бренд…

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics