Запознајте го скејтерскиот бренд RIPNDIP кој го привлече вниманието на светската јавност со својот дизајн, особено им е интересен на љубителите на мачки поради заштитниот знак – мачката Лорд Нермал. Ликот на Нермал се појавува на маички, ѕирка од џебови, го има на влечки, скејтборди, ранци, футроли за телефони, чорапи, се „дружи“ со Фрида Кало и Мона Лиза, ама знае и да биде безобразен па често го покажува средниот прст. Брендот е основан во 2009 година, функционира од Лос Анџелес, а производите се продаваат и онлајн на нивниот сајт каде што може да видите огромен број на дизајни.
Нема коментари