Фестивалот за здравје и уметност на живеењето Skopje Body Mind and Spirit ќе се одржи по петти пат на 5 и 6 ноември во „Кино Култура“. Програмата почнува во 10 часот во сабота (05.11), а ќе трае до 20.00 часот во недела (06.11).
Следејќи ја веќе петгодишната традиција, и оваа година основната идеја на Body Mind and Spirit е здравиот и правилен развој на луѓето, и тоа таргетиран од три аспекти: Тело, Ум и Дух, па така и овогодинешната едукативна програма ги обединува овие теми преку неколку внимателно одбрани предавања и работилници. Новитет оваа година е што Здружението, покрај наведените предавања и семинари, за прв пат ќе понуди и филмска програма.
Исто така, во недела целодневен семинар ќе одржи гостинот од Индија SWAMI Jaataveda од Фондацијата Art of Living. Целокупното издание на Skopje Body, Mind and Spirit ќе финишира со музички концерт и заедничко пеење. Покровител на овогодинешното издание е Град Скопје.
Во продолжение ви ја преставуваме програмата:
05.11 (САБОТА)
10.00 – 12.00 Светот е вибрација – предавање за Радиестезија и енергатски влијанија со Душан Ковачевиќ (Србија)
11.00 – 17.00 ХОЛ: Хомеопатија за деца, бесплатни консултации со Наташа Бунтеска
12.30 – 13.00 Sifu Mirko & The Demo Team Performance: Metal & Fire
13.15 – 14.15 Здрава храна во 5 чекори – Биокосмос
15.00 – 17.00 АКТИВИРАЈ ЈА СВЕСТА, Обука со Билјана Пешева
17.00 – 18.00 Тајните на Овчеполскиот геоглиф, Презентација на Никола Ристевски
18.00 – 19.00 Прва Македонска Амбасада во Галактичката Федерација – Презентација на Владимир Каевски, Собир на Уфолози
19.00 – 21.00 Сириус – УФО Разоткривање, документарен филм
10.00 – 17.00 ХОЛ: Презентации на домашни производители на органски и билни производи, консултации за заболувања на кичма и алтернативни начини за лекување и здрав живот
06.11 (НЕДЕЛА)
10:00 – 18.00 Семинар ТАЈНАТА НА ВЕЧНАТА МЛАДОСТ со SWAMI Jaataveda – Art of Living, Индија
12.00 – 13.00 (во пауза на семинарот)
Промоција на книгата Бог ја сака забавата од НС Шри Шри Рави Шанкар
19:00 – 20.00 Концерт на духовна музика со Мерсиха и Ерхан Шукри
Нема коментари