После повеќе од една година изолација, дистанца и многу малку можности за забава, трговскиот центар Skopje City Mall го најавува новото издание на Late Night Shopping
Да се потсетиме на холивудските забави, филмскиот гламур, како и сите симболи на ретро забавата – на 2 јули купувајте до полноќ во Skopje City Mall со обезбедени попусти дури до 60% на одредени производи и да бидете дел од Инстаграм ретро забава на приземјето од трговскиот центар. Сите што ќе направат сметка поголема од 1.500 денари ќе бидат почестени со вкусен коктел и ќе може да добијат некоја од наградите кои што ги подготвуваат од трговскиот центар. Попустите и акциите ќе продолжат и во наредните два дена, на 3 и 4 јули.
Доколку сте љубители на Холивуд ќе можете и да се фотографирате со вашето име патеката Walk of Fame, на Инстаграм профилот на Skopje City Mall можете да добиете гламурозно шопинг искуство со сопствен батлер, личен возач и автомобил специјално наменет само за петмина случајно одбрани добитници. Пријавувањето е на instagram.com/skopjecitymall.
При посета на Skopje City Mall, потребно е да носите заштитна маска, да одржувате безбедно растојание и да ги почитувате правилата и знаците поставени во трговскиот центар. Заштитeте се себе и тие околу вас!
Нема коментари