Модната дизајнерка Силвија Михајловска која што креира под брендот „Алшар“ создаде нови модни парчиња со кои ја најавува колекцијата за есен 2018. Наречена Skopje Streets во оваа урбана колекција доминираат црната и белата боја со дополнување на животински принт кој е актуелен сезонава. Впечатливи се и цртежите инспирирани од њујоршкиот стрит-артист Keith Haring, а врз креациите на Силвија ги нацрта Iva Creativa. Моделите се памучни, а се забележуваат авторските кодови на дизајнерката како асиметрија, преклопување и слоевитост. Колекцијата е претставена преку едиторијал фотографиран пред згради со графити и кои го доловуваат уличниот стил на Дебар Маало. Фотографираше Крсто Златков, а модел е Маја Илиоска.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари