• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
книги-магазини 0

Славниот Фредерик Бегбеде в сабота во Скопје како гостин на ТРИ

Од stylist @StylistMKD · На април 24, 2017

begbede1

Еден од најпознатите писатели во светот Фредерик Бегбеде доаѓа во Скопје како гостин на Издавачкиот центар ТРИ и ќе одржу книжевна вечер, в сабота, 20 април, во 19.30 часот во „Јавна соба“.
Фредерик Бегбеде, еден од најпопуларните претставници на француската и европска книжевна сцена, автор на романите „399“, „Љубовта трае три години“, „Романтичен егоист“, ќе го посети Скопје по покана од својот македонски издавач, Издавачкиот центар ТРИ. „Лошото момче“ на француската книжевност доаѓа да го промовира својот последен роман преведен на македонски јазик, „Уна и Селинџер“, но и да ја запознае својата многубројна публика во Македонија.
Фредерик Бегбеде е автор на 11 романи, есеист, книжевен критичар, режисер, телевизиски водител и (повремен) диџеј. Преку своите романи преведени на повеќе од 80 јазици тој стекнува и светско реноме како еден од најпопуларните современи писатели. Самиот се опишува како производ на консумеристичката ера и олицетворение на денешното општество, па тоа и го отсликува во своите романи. Го опишува современиот живот без пардон, со нарација која заведува и искреност која вознемирува. Раскажувач на човечката состојба, критичар и припадник на париската елита, како и обземен од сопствената личност, тој не се колеба да изнесува автобиографски елементи во своите дела.

Контроверзен автор кој сака да ја допре секоја област поврзана со „болестите на нашата ера“ и често намерно контрадикторен во своите дела, Бегбеде е личност за која секој има мислење. Мишел Уелбек го вбројува меѓу своите пријатели и кога му бараат да го опише со еден збор, тој вели за Бегбеде – многу добра душа. Фредерик Бегбеде е член на жири на голем број книжевни награди, меѓу кои наградата „Prix de Flore“ за нови автори, која ја воспоставува самиот во соучество со култното „Кафе де флор“ во Париз, по кое е и наречена наградата.

Неговиот нов роман „Уна и Селинџер“ е безвременска приказна за една љубов која, како и сите вистински љубовни приказни, во себе обединува моменти на највисока среќа и најдлабока тага, најискрена надеж и најтешки разочарувања. Потпирајќи се на вистинити приказни и на историски факти, Бегбеде го води читателот низ ноќните клубови во Њујорк во четириесеттите години, во битките од Втората светска војна во Франција, среде интригите на филмската индустрија во Холивуд… Неговите главни ликови се историски личности: славниот и мистериозен писател Џ. Д. Селинџер и Уна О’Нил, ќерката на еден од најголемите американски драматурзи.

Посетата на Фредерик Бегбеде е можеби најголемиот книжевен настан што оваа година ќе се случи во Скопје. Промоцијата ќе се одржи во Јавна соба, на 29 април (сабота), со почеток од 19 часот и 30 минути. Оваа посета се реализира во соработка со Француски институт во Скопје – Institut français de Skopje.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • darko pancev книги-магазини

    Вечерва промоција на авторизираната биографија на Дарко Панчев од Зоран Михајлов

  • Воли_Лефти и Рајти книги-магазини

    Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти од Наташа Дукоска

  • kostimot vo makedonija книги-магазини

    Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics