Второто поглавје од изложбата SLOWSCAPES се случува летово во Охрид во галеријата Марта Пејоска од 31 јули до 3 август.
Погледнете ја селекцијата од производи на етаблирани и нови брендови што го застапуваат „slow fashion“ движењето кај нас и се посветени на рачна работа, мали колекции и врвен квалитет, спротиставени на брзата мода и неодговорното консумерство.
Учествуваат Марта Пејоска, „Лудус“, Биби Клекачкоска, Cactus Design, Нина Нинеска, The House of Jupiter и Петел Паун.
„Slow fashion“ e алтернатива на брзата мода и се заснова на принципи како добар квалитет, чиста средина и фер однос кон клиентите и работниците.
Изложбата ќе има продажен карактер.
Нема коментари