Спојот на лежерна облека со елегантни и формални парчиња, познат како смарт кежуал изглед, и смарт кежуал комбинациите можат да се носат во секакви пригоди. Не се премногу формални за излегување и дружење со пријателите, но исто време одговараат и на деловниот изглед. Овие, на некој начин универзални модни опции, соодветни се за денско и за вечерно излеување, но не треба да бидат избор за свечени настани кои бараат формален дрескод. За инспирација за претстојната сезона ги косиртиме ѕвездите на уличната мода кои перидоов го претпочитаат овој стил на облекување – строги костими со панталони кои одговараат за во канцеларија, но наместо со класични салонки се носат со гломазни војнички чизми или патики. Потоа комбинираат елегантни сакоа со обични блузи или со рокерска маичка со принт, класична кошула со необични панталони, елегантен бел комлет со не баш елегантна блуза, класични панталони со разголена кошула, строги комбинации разиграни со некој неочекуван момент како панталони пикнати во чизми или сандали заврзани врз панталони… Но сепак, непредвидливите и често конфликтните стилови заедно креираат совршана рамнотежа меѓу елеганцијата и практичноста, формалното и неформалното облекување.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари