Бразилската супермоделка Адријана Лима откри дека дел од тајната за нејзиното вито тело, рамен стомак и здрав изглед се крие во смудито на база на авокадо кое таа редовно го пие наутро. „Не постои магична таблета која овозможува да изгледате добро и со вајано тело – треба напорно да се вежба“, открива Лима која вежба бокс, трча, а од скоро тренира кросфит. Таа нагласува дека многу важно е да се хидрира телото и да се пие вода во големи количини, и дека во одржувањето на линијата и ефикасноста во тренинзи ѝ помага смуди на база на авокадо. Здравиот напиток што таа го предлага се состои од само три состојки – ½ авокадо, мед и 1 чаша вода.
Како се подготвува? Многу едноставно – во блендер се става ладна вода и половина излупено авокадо, се меша, па потоа се додава мед по вкус, па се бленда уште неколку десетина секунди.
Ако сакате смудито да има повеќе протеини, наместо вода додадете млеко или јогурт. Се препорачува употреба на органски состојки. Ова смуди го забрзува метаболизмот, дава енергија и може да ве засити барем два часа.
Нема коментари