Цвеклото е едно од најздравите намирници – овој темноцрвен коренест зеленчук е богат со Витамини А, Б и Ц, фолна киселина, магнезиум, калиум, фосфор и железо. Благодарение на таквиот богат состав, цвеклото, кога се консумира редовно, може да има корисен ефект врз здравјето на срцето и крвните садови, да ја подобри когнитивната функција и да ја зголеми концентрацијата.
Друг убав бонус е изобилството на антиоксиданти во цвеклото. Редовното консумирање на цвекло го штити организмот од оштетувањето од слободните радикали, спречува воспаление, ја навлажнува и ја храни кожата одвнатре, го забавува процесот на стареење и ја штити кожата од УВ зрачење (се разбира ова не значи дека треба да го прескокнете кремот со заштитен фактор).
Постојат илјада начини како да го додадете цвекло во вашата исхрана: супи, салати, тестенини, сокови и смути.
Смудито на пример е совршено за појадок. Започнете го утрото со совршено смуди со цвекло за да го одржите вашето тело целосно задоволно. Благодарение на бананата во составот, ќе се ослободите од глад подолго време и ќе ја добиете потребната доза на калиум. Цвеклото и јагодите се ризница на антиоксиданти, а бадемовото млеко е порција растителен протеин.
Рецепт за смути од цвекло со антиејџ својство
Следниве состојки ставете ги во блендер и уживајте во ова здраво смуди:
• 150 гр сирово цвекло
• 1 голема банана
• 100 гр јагоди
• 1 чаша бадемово млеко (без шеќер)
• 1 лажица ленено семе
Нема коментари