„Милион милји време“ е името на новата колекцијата на нашата позната дизајнерка Лидија Георгиева со која утре, 1 ноември ќе биде отворено есенското издание на Моден викенд-Скопје. Воедно, колекцијата и ревијата ќе го означат 20-годишниот јубилеј на нејзиниот сопствен бренд. Како што ни откри Лидија, колекцијата инспирирана од сите нејзини патувања во просторот и времето во изминативе 30 години дизајнеркса кариера, ќе ги содржи препознатливите елементи на нејзиниот креативен израз – отпечатоци, тантели и плетени дизајни.
Каде и кога ќе се одржи модната ревија: Утре, 1 ноември, во 20 часот, на нова прекрасна локација, во студиото на Fame’s. Од дизајнерски аспект морам да кажам дека и самата зграда е дизајнирана прекрасно – црн дијамант
Новата колекција е именувана: „Милион милји време“
Инспирација за колекцијата: Сите мои патувања во времето и просторот во изминативе 20 години од постоењето на брендот и 30 години кариера
Клучни зборови: Боемски шик, раскошна силуета и мојата палета на бои
Концепт на ревијата: Тоа ќе го откријам утре. Сè ќе биде збир на мојот јазик – отпечатоци, тантели и плетени дизајни.
Нема коментари