• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 1

Stylist.mk ве носи на проекција на оскаровецот „Човекот-птица“ во „Синеплекс“

Од stylist @StylistMKD · На март 6, 2015

birdman7

Тројцата читатели на Stylist.mk ќе добијат можност утре (сабота) со своите партнери да го погледнат оскаровецот „Човекот-птица“  во киното „Синеплекс“  во „Скопје сити мол“.  Stylist.mk во соработка со  MCF MKD ве носат на проекција на црната комедија на мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инјариту, кој триумфира на годинашното издание на „Оскар“. Најбрзите тројца читатели што во inbox на нашата страница на „Фејсбук“ или со коментар под текстот на нашиот сајт, ќе напишат барем две категории во кои „Човекот-птица“  освои „oскар“ ќе добијат по две влезници за една од проекциите утре (сабота,  7 март). Можете да изберете една од проекциите во  15.15,  17.45,  20.15 22.40 во Сала 1. Вашите одговори ги очекуваме во текот на денот.

birdman6

„Човек-птица“, во кој главната улога ја игра Мајкл Китон, на овогодинашното доделување на „Оскари“ освои четири златни статуетки. Китон игра остарен актер кој се обидува да си ја врати славата и да ја постави претставата на Бродвеј „За што зборуваме кога зборуваме за љубовта“, заснована на збирката раскази од американскиот писател Рејмонд Карвер. Прогонуван е од ликот на суперхеројот „Човек-птица“ што го направил популарен на почетокот од кариерата. Во деновите и во ноќите пред премиерата тој продолжува да се бори со своето его и се обидува да го врати своето семејството, кариерата и самиот себе. Не е случајно тоа што главната улога ја толкува токму Китон, чијашто кариера, исто така, е одбележана со улогата на суперхеројот Бетмен, а кој во последниве години немаше некои значајни остварувања. Освен Китон, Инјариту собра исклучителна актерска екипа – Едвард Нортон, Зак Галијафијанакис, Ема Стоун и Наоми Вотс.

birdman3

Филмот „Човек-птица“ претставува извонреден пресврт во кариерата на Инјариту, не само затоа што тој во овој проект се јавува како режисер на својата прва комедија, туку и зашто филмот е еден вид технички предизвик, бидејќи е составен од многу долги кадри кои се беспрекорно измонтирани за да се добие впечатокот дека целиот филм е еден непрекинат кадар.  Се разбира, овој подвиг би бил невоможен без директорот на фотографија, одличниот Емануел Лубецки, заслужен за филмовите како „Заспаната долина” на Тим Бартон, „Дрвото на животот“ на Теренс Малик и „Гравитација“ на Алфонсо Куарон. Мексиканскиот режисер својата слава и углед ги стекна благодарение на филмовите од т.н. трилогија на смртта: „Amorres peros“, „21 grams“, „Babel“, како и филмот „Biutiful“.

birdman1

BirdmanCineplexxMCF MKDStylist.mkАлехандро Гонзалес ИнјаритуЕдвард НортонЕма СтоунЗак ГалијафијанакисМајкл КитонНаоми ВотсОскарСинеплекс„Скопје сити мол“„Човекот-птица“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 OSCARS o_38572296_1280 филм

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

1 коментар

  • bibby вели: март 6, 2015 на 13:01

    film, rezija

    Одговори
  • Остави одговор Откажи одговор

    ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

    Калеидоскоп

    • sarastoi

      Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    Модна азбука

    • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

      јули 29, 2021

    Видео

    • skjapareli

      Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    Follow @stylistmkd
    Follow on Instagram
    Follow on rss

    НАЈНОВИ ОБЈАВИ

    • 1 fondacija frosina kulakova

      Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

      мај 27, 2026
    • 2indog

      Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

      мај 27, 2026
    • yes

      Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

      мај 12, 2026
    • toska

      Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

      мај 12, 2026
    • 1 K BEAUTY

      Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

      мај 6, 2026

    Убавина

    • 1 K BEAUTY

      Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

      мај 6, 2026
    • 3

      Совети за пролетен блескав тен

      април 15, 2025
    • eucerin

      Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

      јануари 13, 2025
    • eucerin (2)

      Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

      декември 16, 2024
    • geske

      Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

      ноември 18, 2024

    Живот

    • 1

      Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

      март 31, 2026
    • 1

      Витаминска бомба од 17 состојки

      јануари 9, 2026
    • winter festival

      Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

      декември 24, 2025
    • Poster-so-logoa-story_1

      Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

      ноември 6, 2025
    • KID-EXPO--poster

      Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

      октомври 2, 2025

    Култура

    • 2indog

      Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

      мај 27, 2026
    • yes

      Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

      мај 12, 2026
    • toska

      Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

      мај 12, 2026
    • 1 (14)

      Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

      април 24, 2026
    • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

      Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

      април 17, 2026

    Тагови

    Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
    • Дома
    • Контакт
    • За Stylist.mk
    • Маркетинг

    © 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics