Во пресрет на големата изложба Mademoiselle Privé во Токио посветена на славната модна куќа „Шанел“, режисерката Софија Копола подготви модно видео во кое монтира бројни снимки кои го отсликуваат пријателството на куќата со Кетрин Денев, Роми Шнајдер, Карол Буке, Мерлин Монро, Кира Nајтли, Тилда Свинтон, Лили-Роуз Деп и други познати жени. Ова видео на Софија, која е муза и пријателка на „Шанел“, посветено e на наследството на Коко Шанел и нејзината модна куќа. Софија видеото го подготви како омаж на „мадмаузел“ Коко и во него употреби разни архивски фотографии и видеa.
Изложбата се отвора на 16 октомври, а тимот на „Шанел“ за оваа изложба се инспирира од омиленото место на Коко Шанел, нејзиниот апартман на адресата Rue Cambon 31 во Париз во кој што таа живеела и работела.
Нема коментари