Одредени модни парчиња и кроеви можат да ги сокријаат екстра килограмите, визуелно да ја сменат фигурата и со тоа да придонесат да изгледате доста послабo. Потребно е да го детерминирате обликот на вашето тело, да знаете што треба да сокриете и со помош на неколку модни совети да научите како да играте со пропорциите. Следниве стилски техники се однесуваат за сите жени и се универални за секаква градба на тело.
МОНОХРОМАТСКИ ИЗГЛЕД
Комбинацијата во една боја визуелно ја истегнува силуетата што ќе ве направи послаби. За да го разиграте стајлингот што е во една палета на боја, мешајте облека со различни текстури, за лето бирајте посветли нијанси, а комбнацијата дополнете ја со модни додатоци во контрасни бои.
ПАНТАЛОНИ СО ВИСОК СТРУК
Ако сакате да ги сокриете вишокот киограми одберете панталони со виока половина, кои за среќа, веќе неколку сезони се тренд. Овој крој на панталони делува ефикасно за кој било тип на тело. Важно е панталоните да се долги, со што визуелно ќе ги продолжите нозете, ќе креирате вертикала и ќе создадете слика на бекрајно долги и слаби нозе.
ФУСТАН НА ПРЕКЛОП
Култен крој на фустан со кој секоја жена ќе изгледа послабо. Овие фустани ја истакнуваат половината и успешно ги кријат килограмите во долниот дел од телото.
V-ИЗРЕЗ
Уште еден трик кој делува на принципот на вертикала. Моделите во V-изрез го продожуваат вратот, ги урамнотежуваат широките раменици и ја издолжуваат силуетата.
Нема коментари